Top Sport

Феенорд го декласираше Партизан, Рома со победа во Холандија

Партизан двапати водеше против Феенорд, но на крај доживеа тежок 2:5 пораз од холандскиот гигант Феенорд во првиот меч од осмиафиналето на Конференциската Лига Европа, додека Рома иако играше со играч помалку, стигна до 0:1 победа на гостувањето кај холандскиот Витесе.

Бибрас Натхо ги донесе „црно-белите“ до водство, пред Јенс Торнстра да израмни во 20. минута. Партизан повторно поведе преку Јовиќ, пред гостите да доминираат до крајот на мечот. Сержо Оливеира пак, го даде единствениот гол на мечот на Рома против Витесе во 45. минута, пред во 78. минута да добие црвен картон.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1/8 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ

ПАОК – Гент 1:0

Партизан – Феенорд 2:5

Славија Прага – ЛАСК Линц 4:1

Витесе Арнхем – Рома 0:1

Scroll to Top