Top Sport

Фекир: Само во Ливерпул знаат зошто ми пропадна трансферот

Крилниот напаѓач на Олимпик Лион, Набил Фекир, смета дека луѓето од Ливерпул се виновни што не успеал да го реализира трансферот во овој клуб.

На почетокот на летото, Ливерпул се согласи да плати 53 милиони фунти за Фекир. Фудбалерот тогаш се појави во Ливерпул на лекарските прегледи, кога наводно се појавила загриженост кај лекарите на англискиот клуб за состојбата во која се наоѓа коленото на Фекир.

Наводно ова бил само трик од Ливерпул во обид да ја намали цената на францускиот репрезентативец. Потоа Лион го врати својот играч назад и ги прекина преговорите со Ливерпул.

„Многу работи слушнав. Која е вистинската причина? Тоа го знаат само во Ливерпул…Такви работи се случуваат, тоа едноставно е така и не може да се смени. Мораме да одиме понатаму, останатото е минато. Јасно ми е дека трансферот пропадна“, рекол 25-годишниот капитен на Лион.

Откако му пропадна трансферот, Фекир настапи со Франција на Светското првенство и успеа да го освои златниот медал. Фекир, на мундијалот одигра еден натпревар, а на останатите шест во игра влегуваше од клупата за резерви.

Scroll to Top