Top Sport

Фелаини го спаси Стандард од банкрот

Маруан Фелаини на својот поранешен клуб, Стандард од Лиеж, му позајмил три милиони евра.

Стандард се наоѓа во големи финансиски проблеми поради бидејќи шампионатот во Белгија е прекинат поради коронавирусот.

Фелаини кој во моментов е играч на Шандонг Луненг со овој потег му се приклучил на соиграчот од репрезентацијата Аксел Витцел кој неодамна стана еден од сопствениците на овој клуб.

Стандард, поради финансиските проблеми, во март остана без лиценцата за настап во професионалните лиги во Белгија. Поради ова клубот кој има десет шампионски титули се соочува со преселба во аматерски ранг.

Со финансиската помош што ја доби клубот од Фелаини, челниците се надеваат дека во жалбена постапка Фудбалскиот сојуз на Белгија ќе им ја врати лиценцата.

Маруан Фелаини кариерата ја започна во Сандард откаде се пресели во Евртон, а потоа во Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top