Top Sport

ПСЖ се шампиони на Франција

Откако ја прекина сезоната Фудбалскиот сојуз на Франција реши за шампион да го прогласи Пари Сен Жермен, објави „Лекип“. За „светците“ ова е трета титула во низа, вкупно деветта во клупската историја.

Во Лига 1, во моментот кога сезоната беше прекината поради коронавирусот ПСЖ беше лидер на табелата со 12 поени повеќе од Олимпик Марсеј.

Фудбалскиот сојуз на Франција се уште нема објавено дали поредокот на табелата ќе се користи и за одредување на местата во европските купови. Доколку ја следат табелата заедно со ПСЖ во фазата по групи во Лигата на шампионите би одел Марсеј, а Рен би играл квалификации.

Сигурно место во Лига Европа би имал Лил, а веројатно во квалификациите би играле Ремс и Ница. Овие два клуба се финалисти во двата купа што ги играат Французите каде противник треба да им биде ПСЖ. Бидејќи финалињата нема да се играат Рен и Ница би играле во европските купови.

Нејасно е и дали ќе има испаѓање од Лига 1, односно дали првите два тима во Лига 2 Лориен и Ленс ќе се вратат во елитата.

Scroll to Top