Top Sport

Фелаини и Вицел го спасија Стандард Лиеж

Парите од поранешните фудбалери на клубот, Маруан Фелаини и Аксел Вицел помогна да се спаси Стандард Лиеж од исфрлање од белгиската прва лига, откако тие успешно се жалеа за повлекувањето на професионалната лиценца.

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Евертон, Фелаини, кој сега игра во Кина, позајми на клубот 3 милиони евра, додека Вицел од Борусија Дортмунд инвестираше пари во компанијата која го купи стадионот на клубот и ќе го изнајмува на Стандард.

Белгиската фудбалска асоцијација минатиот месец ја повлече лиценцата на Стандард поради огромните долгови, со што клубот ќе беше исфрлен во четвртата лига. Меѓутоа, арбитражата беше успешна и клубот останува прволигаш, потврди портпаролот на клубот, Оливие Сметс.

Стандард беа петти во лигата кога таа беше сопрена во март, а играа и во Лига Европа, каде што беа трети зад Арсенал и Ајнтрахт Франкфурт во својата група.

Scroll to Top