Top Sport

Надал со порака до Новак: Едноставно, ќе мораш да се вакцинираш

Рафаел Надал му порача на својот голем ривал, светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ дека ќе мора да се вакцинира и да ги следи правилата ако сака да продолжи да се натпреварува по пандемијата на корона вирусот.

Ѓоковиќ беше на удар на критичарите во март кога изјави дека би размислил дали да прими вакцина за корона вирусот, иако вакцината уште не е развиена. 17-кратниот гренд слем шампион беше критикуван дека го поддржува движењето против вакцинација, иако тој се бранеше дека има право на свој избор.

33-годишниот Надал, пак, вели дека Србинот, едноставно ќе мора да ги почитува правилата како и сите други тенисери.

„Никој не може да бара ништо од никого и секоја личност е слободна да има свој избор. Но, вистината е дека ако сте дел од некоја група, мора да има правила кои треба да се почитуваат. Ако турнејата реши дека вакцините се обврзувачки за да се патува низ светот, Ѓоковиќ ќе мора да биде вакциниран ако сака да продолжи да игра. Не само тој, туку сите кои сакаат да бидат тенисери. Слично како што имаме обврски со допинг-контролите“, вели Надал во интервју за „Ла воз де ла Галисија“.

„Телото е мое, сакам да има опција“

Scroll to Top