Top Sport

Иниеста им се јави на децата кои беа направени поради неговиот гол (видео)

Легендарниот фудбалер на Барселона, Андрес Иниеста ја прослави 11-годишнината од неговиот славен гол во полуфиналето од ЛШ против Челси, со телефонски повик до две деца кои беа зачнати по овој израмнувачки гол.

Барселона беа на две минути од испаѓање од ЛШ на „Стемфорд бриџ“ на 6 мај 2009 година, кога Иниеста доби топка од Лионел Меси и со прецизен удар го погоди голот. Со ова се обезбеди 1:1 реми, со што Барса патуваше на финалето во Рим поради гол постигнат на гости. Девет месеци подоцна беше јасен резултатот на овој гол, откако болниците во Барселона потврдија дека има зголемен број на новороденчиња.

Во средата, Иниеста, кој сега игра за Висел Кобе, објави видео на Твитер зборувајќи со две деца кои се родени во јануари 2010.

„Дали мајка ти ти го покажа голот?“, беше прашањето на Иниестса до Игнасио, кој беше роден на 18 јануари. „Да, и тоа каков гол “, одговара Игнасио.

Мајката на Игнасио, Андреа Бари му кажа на Иниеста дека дознала дека е бремена пред да патува на финалето во Рим, каде што Барса со 2:0 го победи Манчестер јунајтед.

„Не и кажав веднаш на мајка ми бидејќи немаше да ме пушти да одам на натпреварот, туку додека бевме во авион“, објасни Бари.

Жосеп Енрик, кој е роден на 29 јануари, му кажа на Иниеста дека тој му е „омилениот фудбалер“ покрај Жерард Пике.

„Ми го покажаа голот кој го постигна пред да се родам. Сите го славевме“, вели 10-годишниот Жосеп.

Таткото на Енрик, Жосеп Салват, вели дека неговиот брат го поврзал голот со роденденот на неговиот син.

„Мојот постар брат е огромен навивач на Барса, и клубот е религија за него. Тој го разгледа календарот и ги направи пресметките“, вели Салват.

Scroll to Top