Top Sport

Феликс Магат прв кандидат за селектор на Косово

Косово може да добие звучно име за нов селектор, откако локалните медиуми објавија дека поранешниот тренер на Баерн Минхен, 68-годишниот Феликс Магат е прв кандидат да го замени Швајцарецот Бернар Шаланд.

Шаланд си замина по домашниот 1:2 пораз од Грузија кој потврди дека Косово нема шанси да се пласира на Мундијалот во Катар во 2022 година.

Магат, познат како „Големиот диктатор“ ја освојуваше германската титула со Волфсбург, а работеше и во Шалке, Вердер, Хамбургер, Франкфурт и Фулам.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');