Фелипе Кутињо, во понеделникот го стави својот потпис на пет и пол годишниот договор со Барселона. Со ова Бразилецот стана најскапото засилување во историјата на „блауграна“.
Кутињо од Ливерпул во Барселона се пресели за сума од 160 милиони евра (145 милиони фунти), а во новиот клуб ќе има годишна плата од 14 милиони евра.
OFFICIAL: Phil Coutinho has signed his Barcelona contract. #CoutinhoDay pic.twitter.com/0cRtiB8UcF
— Transfer Related (@TransferRelated) January 8, 2018
Пред да го потпише договорот Бразилецот ги мина лекарските прегледи. Анализирана му е повреда поради која ќе мора да отсуствува 20 дена.