Фелипе Луис изразил желба да го напушти Атлетико Мадрид и го замолил клубот да ја прифати понудата на ПСЖ.
Францускиот шампион испратил официјална понуда за левиот бек на „јорганџиите“. Финансиските услови не се познати, а некои медиуми само објавија дека Фелипе Луис доколку се пресели во Париз ќе потпише три годишен договор.
Сепак, Атлетико Мадрид нема намера да го дозволи овој трансфер иако на Бразилецот се уште не му понудил да го продолжи својот договор.
Како што објави „Мундо депортиво“, пред неколку дена ПСЖ ја испратил понудата, надевајќи се дека ќе го искористи незадоволството на Фелипе Луис што не бил меѓу стартните 11 на натпреварот од Суперкупот на УЕФА.
Фелипе Луис е играч на Атлетико од 2010 година, со исклучок на сезоната 2014/2015 кога беше дел од Челси. Во кариерата играч за Фигуеренсе, Ајакс и Депортиво Ла Коруња.