Top Sport

Фенербахче доби три пенали за 24 минути и ги „прегази“ Газиантеп (видео)

Во последниот меч од Турската Суперлига на „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул се одигра неверојатен меч помеѓу Фенербахче и Газиантеп, кој домаќините го добија со 5:0 откако добија три пенали во првите 24 минути од мечот.

Првиот пенал за Фенер беше досуден уште во шестата минута кога Виктор Мозес донесе водство за домаќините, а само седум минути подоцна беше досуден уште еден пенал, но овојпат истиот фудбалер не беше прецизен.

Во 17. минута, Ведат Муриќи зголеми на 2:0, а веќе во 23. минута пристигна и третиот пенал, и овојат Емре Белозоглу беше прецизен од белата точка по играње со рака на противничкиот фудбалер. Убедливата победа беше комплетирана во финишот на второто полувреме – во 74. минута Набил Дирар заби за 4:0, а во 88. минута Ахмед Оздоган ги постави конечните 5:0.

Scroll to Top