Top Sport

Фенерџијата Хадерсфилд се раздели со тренерот Вагнер

Менаџерот на Хадерсфилд, Давид Вагнер си заминува од премиерлигашот со „взаемна согласност“, објави англискиот клуб.

47-годишниот Вагнер ги остава „териерс“ на дното на Премиер лигата со осум поени од безбедната зона откако оваа сезона победија на само два од 22 натпревари. Вагнер и Хадерсфилд по состанокот решиле дека неговото заминување е „вистински потег за иднината на клубот“.

„Како што кажав и претходно, немав намера да го отпуштам Давид оваа сезона, но тој дојде кај нас и ни кажа дека е подготвен а пауза. Знам дека зборот ’заедничка согласност’ се злоупотребува во професионалниот фудбал, но ова е навистина аедничка одлука“, изјави претседателот на клубот, Дин Хојл.

Вагнер го замени Крис Пауел во Хадерсфилд во ноември 2015 година откако претходно беше тренер на резервите на Борусија Дортмунд. Клубот беше на 18. место во втората лига кога тој пристигна и тој успеа да ги задржи во Чемпионшип, пред следната сезона преку петтото место и плеј-офот првпат да ги донесе во Премиер лигата. Лани, во првата прволигашка сезона од 1972 година, Хадерсфилд завршија на 16. место.

Фото: ЕПА

Scroll to Top