Top Sport

Феран Торес доаѓа на „Ноу Камп“ – првото засилување во ерата на Чави

Англиските и шпанските медиуми се сигурни дека договорот за трансфер на Феран Торес од Манчестер сити во Барселона е реалност, и дека тој пристигнува на „Ноу Камп“ во јануари за сума од 55 милиони евра.

Шпанецот, кој нема настап за „граѓаните“ од септември поради повреда на стапалото, ќе пристигне во каталонскиот гигант и покрај огромните финансиски проблеми на Барселона, која сега ќе мора да продава играчи од првиот тим за да ги исполни правилата на Ла лига за финансиски ферплеј.

Торес сакаше да се врати во татковината по заминувањето од Валенсија во август 2020, откако фудбалскиот директор на Барса, Матеу Алемани го убеди да потпише за клубот. Барса ќе плати 55 милиони евра за Торес, и дополнителни 7 милиони евра во бонуси. Валенсија ќе добие 10 отсто од трансферот.

Scroll to Top