Top Sport

НХЛ им забрани на хокеарите да одат на Олимпијадата во Пекинг

Најсилната хокеарска лига на светот, НХЛ и официјално потврди дека нивните играчи нема да настапуваат на Олимпијадата во Пекинг во февруари, по големиот број на инфекции на КОВИД-19 меѓу хокеарите, и покрај тоа што претходно се фалеше дека има речиси 100 отсто вакцинација меѓу славните тимови.

НХЛ комесарот Гери Бетман потврди дека играчите на 32-те клуба нема да имаат дозвола да патуваат во Кина за Олимпијадата откако американските медиуми тврдат дека околу 15 отсто од хокеарите се или позитивни или се во изолација. Дури 50 натпревари од лигата се откажани.

„За жал, испрекинатата НХЛ сезона поради КОВИД, значи дека олимпиското учество веќе не може да се оствари. Го поздравуваме напорот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Интернационалната хокеарска федерација (ИИХФ) и организациониот комитет во Пекинг, но условите не дозволуваат наше учество. Очекуваме да се вратиме на Олимпијадите во 2026“, вели комесарот Бетман.

Scroll to Top