Top Sport

Фердинад: Се чувствувам посрамено

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Рио Фердинанд признал дека се чувствувал посрамено по поразот на „црвените ѓаволи“ од Барнли (0:2).

„Велат дека во составот на овој тим се вложени 600 милиони фунти. На што се потрошени? Не гледам каде се вложени парите. Искрено се чувствувам посрамено. Не поради начинот на кој што играше тимот, туку поради тоа што не знам што е следно. Не гледам јасен пат, не сум сигурен дека постои одредена цел кон која се движиме“, рекол Фердинанд.

„Поразот не е важен. Зборувам за засилувањата, како изгледа тимот, кои играчи во иднина би можеле да ја носат играта. Пари се фрлаа изминатите седум години. Погледнете ги Ливерпул. Тие купуваат врни играчи кои се вклопуваат во нивниот систем. Децата нема да сакаат да доаѓаат во Јунајтед поради ова што го гледаме. Навивачите излегуваа пред крајот на мечот. Тоа е срамота. Челниците мора да сменат нешто“.

Јунајтед имаат три порази на последните четири меча, во наредниот натпревар ќе играат против Вулверхемптон.

Scroll to Top