Две од водечките три екипи во Западната конференција во НБА лигата забележаа порази во синоќешните натпревари. ЛА Клиперс доживеаја пораз во Атланта, Денвер без шестмина играчи се поразени во Хјустон, додека ЛА Лејкерс лсавеа над Њујорк.

Последно пласираниот тим на Истокот Атланта Хокс со 102:95 забележаа победа над ЛА Клиперс во чии редови го немаше Каваи Ленард.

Клиперс имаа 19 поени предност по првото полувреме, меѓутоа оваа разлика играчите на Атанта ја стигнаа и престигнаа во последниот квартал.

Џо Колинс ја предводеше Атланта со 22 поени и 16 скока. Кај Клиперс се истакна Мотрезл Херел со 30 поени.

ЛА Лејкерс без проблеми славеа во дуелот со Њујорк Никс 100:92. Лејкерси ја забележаа 35 победа во сезоната.

Ентони Дејвис беше најдобар кај Лејкерси со 28 поени, Леброн Џејмс постигна 21 поен

Хјустон во дербито убедливо ги порази Денвер Нагетс со 121:105. Расел Вестбрук забележа 28 поени и 16 скокови, Џејмс Харден уфрли 27 поени, а се истакна кај Хјустон и Ерик Гордон со 25 поени.

Никола Јокиќ кај Денвер мечот го заврши со трипл-дабл од 19 поени, 12 скокови и 10 асистенции. За српскиот репрезентативец ова беше 36 трипл-дабл во кариерата.

Резултати:

Голден стејт-Јута 96:129
Финикс-Индијана 87:112
Чикаго-Минесота 117:110
Мајами-Вашингтон 134:129
Бостон-Мемфис 119:95
Торонто-Филалделфија 107:95
Орландо-Оклахома 114:120
Детроит-Сакраменто 127:106