Top Sport

Фердинанд и Тери во грда „преписка“ на Твитер

Поранешните соиграчи од англиската репрезентација и легенди на своите клубови, Рио Фердинанд и Џон Тери имаа грда „преписка“ на Твитер откако Фердинанд го избра Тери меѓу петте најдобри дефанзивци во Премиерлигата.

Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед, Фердинанд во разговор со Виргил ван Дајк од Ливерпул пред финалето на ЛШ зборуваше за најдобрите дефанзивци во историјата на англиската лига се постави себе на првото место пред Немања Матиќ, Ван Дајк и Јап Стам, додека го остави Тери на петтото место. Ван Дајк беше поскромен – го постави Фердинанд на првото место, по што следуваа Винсен Компани, Стам, Тери и Сами Хипија.

Тери не беше задоволен од листата на Фердинанд, одговарајќи преку Инстаграм со дел од статистиката од неговата кариера и најголемите успеси со порака: „Мислењата се добри, но статистиката не лаже“.

Фердинанд одговори на Твитер.

„Џон Тери, моментот кога некој треба да ги покажува своите рекорди и статистика е вистинско време да се погледне на кршливото его. Среќен си што имаше место во топ 5 по расизмот со мојот брат“, одговори  Фердинанд.

Тери беше обвинет дека користел расистички изрази кон братот на Фердинанд, Антон на мечот помеѓу Квинс Парк Ренџерс и Челси во октомври 2011, за што доби суспензија од четири меча и казна од 220.000 фунти. Но, тој подоцна беше ослободен на суд од обвиненијата и постојано демантираше дека го навредувал Фердинанд.

„Кршливо его е да се поставиш на прво место, Рио.Благодарам што ме стави во топ  5“, одговори Тери.

Scroll to Top