Рио Фердинанд открива дека имал конфликт со Димитар Бербатов неколку дена пред финалето од Лигата на шампионите против Барселона во 2011 година поради едноставна причина – бугарскиот фудбалер не се залагал доволно на тренинзите.
Според Фердинанд кај „ѓаволите“ бил поставен висок стандард на тренинзи, работна етика и победнички менталитет, така што тој што не го почитувал тоа бргу си заминувал од клубот.
„Ги мразев таквите фудбалерои со огромна страст. Бербатов беше таков пример. Тој имаше доста успеси во Манчестер јунајтед кога пристигна, но можеше да направи многу повеќе, посебно на почетокот. Се сеќавам на еден тренинг пред финалето на ЛШ, кој мораше да биде прекинат бидејќи тој не сакаше да трча. Јас ја имав топката на едната страна и тој беше на другата страна, иако беше напаѓач. Го чекав да дојде да му подадам, но тој уште стоеше таму. Почнав да врескам и му велев да дојде тука. Тој беше опуштен, типичен Берба: ’Почекај!’. Ми кажа дека Барселона само ја држат топката и чекаат додека фудбалерот пристигне. Му кажав: ’Не сме Барселона, туку сме Манчестер јунајтед’“, вели Фердинанд.
Јунајтед го загуби тоа финале со 2:0, а Бербатов влезе како замена во 66. минута, додека Фердинанд одигра цел меч.