Top Sport

Фердинанд уште не зборува со Џон Тери

Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд вели дека уште не му простил на својот поранешен соиграч од англиската репрезентација, Џон Тери за наводните расистички навреди кон неговиот брат Антон на меч помеѓу Квинс парк ренџерс и Челси во 2011 година.

Тери доби суспенија од четири меча и казна од 220.000 фунти од Фудбалската асоцијација (ФА) по инцидентот на „Лофтус роуд“, иако беше ослободен од обвиненијата при судскиот случај во Лондон. Снимките го покажуваат Тери како му вика на Антон: „Ти си една црна еб.на п.чка“. Ова придонесе до кавга меѓу Рио и Тери и Фердинанд признава дека уште не простил.

„Околу ситуацијата со Џон Тери и мојот брат, сфаќам дека згрешив што не зборував од првиот ден за тоа и не му кажав на мојот брат: ’Зборувај!’. Добивме совет што е најдобро за нас, бидејќи беа вклучени адвокати, Лигата, Фудбалската асоцијација и различни други луѓе. На крајот тоа заврши во позадина наместо да се зборува. Фактите се тука за тие кои сакаат да ги погледнат“, вели Фердинанд.

Поради овој инцидент, Фердинанд не беше вклучен во англиската репрезентација на Европското првенство во 2012 година, а исто така се растури и семејното пријателство меѓу Фердинанд и Ешли Кол, откако тој му беше сведок на Тери. Фердинанд вели дека ситуацијата уште не е средена.

„Не, не, не сме смирени. Проблемот беше што ние влеговме со чисто срце, но не и сите вклучени во тоа. На крајот ние бевме казнет ии оцрнети“, додава Фердинанд.

Scroll to Top