Top Sport

Фердинанд: Загрижува што Јунајтед е на спортивната страна од елитните клубови

Смената на Оле Гунар Солскјер и понатаму е главна фудбалска тема во Англија. Норвежанецот, доби отказ во неделата, по понижувачкиот пораз од Вотфорд (4:1). Манчестер јунајтед, четири пати загуби на последните пет натпревари.

До именувањето на новиот менаџер, тимот ќе го предводи првиот помошник на Солскјер, Мајкл Керик. Ситуацијата на „Олд Трафорд“, ја коментира поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд.

„Не правеа долгорочни планови, а знаеја дека ќе дојде време кога ќе мора да го отпуштат Солскјер. Му дадоа отказ, без план и идеја кој ќе го наследи. Досега мораа да имаат решение околу потенцијалниот наследник. Сепак, се случи на брзина, отказот е само реакција на поразот“, рекол Фердинанд и дополнил.

„Како фан на Јунајтед се чувствувам непријатно. Би требало но не можам да го заштитам клубот. Видоа дека тимот не игра добро, имаа две недели репрезентативна пауза да направат нешто, не направија буквално ништо. ЈУнајтед секогаш, на секое поле беше европска елита, во доменот на бизнисот, тимот, резултатите… Во моментов, Јунајтед е на спротивна страна од елитата и тоа е она што ме загрижува“.

Scroll to Top