Top Sport

Јута загуби добиен меч, Милвоки за полувреме го прегазија Орландо

Мемфис Гризлис, во најнеизвесниот натпревар одигран изминатата ноќ, во НБА лигата, славеа во Солт Лејк сити, против Јута Џез со 119:118. Милвоки Бакс поставија клупски рекорд во убедливата победа над Орландо Меџик 123:92.

Јута успеа да загуби добиен меч рпотив Мемфис. Џезерите имаа предност од четири поени и посед на 45 секунди до крајот и предност од три коша и посед на 20 секунди до крајот на мечот, дозволија Џексон да постигне тројка за 118:119, а во последната секунда Мичел не успеа да погоди за победа.

Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ со 24 поени (седум тројки) ја предводеше Јута, Руди Гобер забележа 23 поени и 13 скока. Тројца играчи се истакнаа во редовите на Мемфис: Џа Морент постигна 32, Дешмонд Бејн 28, а Џарен Џексон 26 поени.

Актуените шампиони, Милвоки Бакс во победата над Орландо 123:92, во првото полувреме разликата беше 41 поен. Разликата на полувреме е рекордна во историјата на франшизата.

Резултати: Кливленд-Бруклин 112:117, Вашингтон-Шарлот 103:109, Атланта0Оклахома 113:101, Бостон-Хјустон 108:90, Њу Орлеанс-Минесота 96:110, Чикаго-Индијана 77:110, Сан Антонио-Феникс 111:115, Сакраменто-Филалделфија 94:102.

Scroll to Top