Претседателот на Сампдорија Масимо Фереро рекол дека го продал клубот за 140 милиони евра, јавија италијанските медиуми.
Фереро на состанокот со челниците на Серија А открил дека во текот на минатата недела ја договорил продажбата на клубот.
„Газета дело Спорт“ пишува дека сите детали околу продажбата на Сампдорија биле завршени, односно дека останало уште двете страни да го потпишат договорот.
Кога ќе се потпише договорот Сампдорија ќе биде инвестициски фонд. Еден од сопствениците на тој фонд е и поранешниот фудбалер на овој клуб Џанлука Вијали.