Сер Алекс Фергусон е апсолутна легенда на Манчестер јунајтед, но и во Абердин, шкотскиот клуб во кој ја одбележа „златната ера“, поради која денеска доби статуа во негова чест.
Фергусон беше менаџер на Абердин од 1978 до 1986, освојувајќи шест титули со нив пред да замие во Манчестер јунајтед. Со Абердин тој освои три титули во Шкотска, четири Шкотски купа, еден Лига куп и трофеј од Купот на куп победници во 1983 година.
80-годишниот Шкотлаѓанец се врати во градот, каде што доби овации од присутните навивачи пред стадионот „Питорди“, а присуствуваа и голем број на поранешни играчи на клубот, како Гордон Страхан, Вили Милер и Нил Симпсон.
„Ова фантастична чест за мене бидејќи тоа што го остваривме тука во Абердин беше речиси чудо. Ова беше прекрасен период за мене. И другите клубови сакаа да освојуваат титули, но ние имавме поголема желба од нив. Горд сум на моите осум и пол години во Абердин“, изјави Фергусон.
? Sir Alex Ferguson unveils his statue to Pittodrie. #StandFree | #SAFHomecoming pic.twitter.com/j6mR1egQhi
— Aberdeen FC (@AberdeenFC) February 25, 2022