Top Sport

Фергусон накратко повторно ќе ги предводи Јунајтед

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон, накратко ќе ѝ се врати на старата работа. Шкотланѓанецот на 26 мај, на „Олд Трафорд“ ќе го предводи тимот на Манчестер Јунајтед против Баерн Минхен.

Јунајтед и Баерн ќе обележат 20 години од епското финале во Лигата на шампионите. „Црвените ѓаволи“ тогаш победија во 2:1, а Фергусон ја освои својата прва титула европски шампион.

Пред две децении Баерн имаа предност со голот на Марио Баслер се до 89 минута, кога во само една минута Јунајтед со головите на Теди Шерингам и Оле Гунар Солскјер направија целосен пресврт и ја освоија титулата.

Солскјер кој сега е менаџер на Манчестер Јунајтед ќе биде во поставата на тимот што ќе го предводи Фергусон.

Сер Алекс Фергусон замина в пензија во 2013 година, кога Јунајтед последен пат ја освоија Премиер лигата. За 26 и пол години на клупата на славниот клуб, Фергусон, вкупно освоил 38 трофеи. Тој е најуспешниот менаџер во историјата на британскиот фудбал.

Приходот од натпреварот е наменет за хуманитарни цели.

Scroll to Top