Top Sport

Македонското и турското знаме на патиките на Чеди Осман

Играчот на Кливленд Кавалирс, Чеди Осман, настапи изминатата ноќ на натпреварот наречен „Ѕвезди во подем“, со кој беше отворен „Ол Стар“ викендот во Шарлот. Осман е роден во Охрид, на натпреварот настапи со специјални патики на кои ги имаше знамињата на Македонија и Турција.

„Роден сум во Македонија, а вечерва ја претставувам Турција. Двете знамиња на моите патики покажуваат дека сум нивен претставник. Двете земји се во моето срце. Знам дека ми даваат поддршка“, рекол Осман.

Инаку натпреварот помеѓу САД и Тимот на светот заврши со победа на Американците 161:144. Осман постигна два поени.

Scroll to Top