Сер Алекс Фергусон пропуштил неверојатна шанса да го донесе Герет Бејл во Манчестер јунајтед бидејќи бил загрижен за неговите дефанзивни квалитети, открива поранешниот менаџер на Саутемптон, Џорџ Барли.
Барли открива дека преговарал со Фергусон за Бејл, но дека не можеле да се договорат за цената.
„Тој беше како крило кое игра како бек. Манчестер јунајтед беа заинтересирани и се сретнав со Сер Алекс и со неговиот извршен директор во еден хотел. Веќе го имавме продадено Тео Волкот за 12 милиони фунти во Арсенал и кога тие понудија 3 или 4 милиони фунти им кажавме дека нема шанси. Беа загрижени за неговите квалитети во одбраната, но ние работевме на тоа“, вели Барли.
На крајот, Бејл замина во Тотенхем во 2007 за 5 милиони фунти, каде што исто така играше како крило, пред Хери Реднап да го постави во нападот. Во 2013 година, тој си замина од „Вајт харт лејн“ за тогаш рекордни 83 милиони фунти, освојувајќи една титула од Ла лига и четири од Лигата на шампионите со „кралевите“.