Top Sport

Фергусон одбил да го купи Зидан во 1995 година

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед сер Алекс Фергусон во 1995 година направил една од најголемите грешки во својата богата тренерска кариера.

Како што тврди поранешниот челник на клубот од „Олд Трафорд“ Мартин Едвардс, Фергусон во 1995 година одлучил да не го реализира трансферот на Зинедин Зидан.

Во тоа време 23-годишниот Зидан играше за Бордо, а две госини подцна во дресот на Јувентус стана најдобар играч во светот.

„Кога Зидан играше во Бордо добивме понуда да го купиме и тоа му го кажав на Фергусон. Тој ми кажа дека Кантона му зборувал за тој млад фудбалер, но знаел дека двајцата играат на иста позиција. Тогаш сакавме да го вратиме Кантона по суспензијата и Фергусон веруваше дека трансферот на Зидан ќе биде погрешен. Тоа беше грешка, но се случува“, рекол Едвардс.

Фергусон во едно интервју истакна дека најголема грешка во кариерата му е продажбата на холандскиот дефанзивец Јап Стам во Лацио, во 2001 година.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top