Top Sport

„Фернандеш ќе биде новиот Пол Сколс

Брајан Робсон поранешен капитен на Манчестер Јунајтед бил воодушевен од играта на 25 годишниот Бруно Фернандеш. Португалецот во земскиот преоден рок за 60 милиони евра од Спортинг се пресели на „Олд Трафорд“.

Бруно Фернандеш покажа дека ќе биде вистиско засилување за Манчестер Јунајтед. Брајан Робсон рекол дека Портигалецот е наследникот на Пол Сколс.

Сколс од 1993 до 2013 година играше за Јунајтед, а според многумина тој е еден од најдобрите играчи од редот за врска на својата генерација.

„Не ме потсетува на Кин, ниту на Инс или Бат, за мене Фернандеш е играч каков што беше Сколс. Брилијантно го чувствува просторот помеѓу одбраната и средниот ред. Има одличен преглед на играта, во состојба е да додаде на начин како што тоа го правеше Сколс“, рекол Робсон и дополнил.

„Се надевам дека Фернандеш ќе ги оправда моите зборови и дека биде новиот Полс Сколс во Манчестер Јунајтед“.

Фернандеш од доаѓањето во Јунајтед, во Премиер лигата има одиграно пет натпревари на кои постигнал два гола и забележал три асистенции.

Scroll to Top