Top Sport

НБА ќе стави крај на сезоната?

Сезоната во НБА лигата веројатно нема да заврши бидејќи состојбата со коронавирусот во САД се влошува секој ден. Во Америка е земја со најмногу заразени со вирусот КОВИД-19. Ситуацијата е најкритична во Њујорк, а вирусот со неверојатна брзина се шири низ сите сојузни држави.

Поради ваквата состојба под голем знак прашалник е продолжувањето на сезоните во професионалните спортови.

Новинарот на ЕСПН, Брајан Виндхорс тврди дека челниците на НБА лигата размислуваат да ја прекинат сезоната.

„Разговарав со двете страни, јасно е дека НБА размислува да стави крај на сезоната. Воопшто во НБА не се разговара за евентуалното продолжување на сезоната. Најмногу се разговара за финансиските последици доколку сезоната биде прекината“, рекол Виндхорст.

Scroll to Top