Top Sport

Далас каубојс остануваат највредниот НФЛ тим со проценета вредност 8 милијарди долари!

Далас каубојс остануваат највредниот НФЛ тим 16-та година едноподруго, иако влегоа во плејофот само четири пати во последните 12 сезони. Според магазинот „Форбс“, Каубојс вредат 8 милијарди долари, што е за 23 отсто повеќе од минатата сезона.

Во топ 5 највредните НФЛ клубови се и Њу Ингланд патриотс (6.4 милијарди долари), Супербол шампионот Лос Анџелес рамс (6.2 милијарди долари), Њујорк џајантс (6 милијарди долари) и Чикаго беарс (5.8 милијарди долари).

Каубојс, исто така имаат најголем приход во НФЛ, со 465.9 милиони долари минатата година, повеќе од двојно од следниот тим на листата, Патриотс со 230.5 милиони долари.

Газдата на Каубојс, Џери Џонс го купи тимот за 140 милиони долари во 189 (еквивалентно на 330 милиони долари денеска зголемено за инфлацијата).

Scroll to Top