Top Sport

Фернандеш не жали за „војната“ со Гвардиола: Тој не ја заслужува мојата почит

Новиот фудбалер на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш вели дека начинот на кој го „замолчи“ Пеп Гвардиола во текот на неделното дерби со Манчестер сити беше прикладен бидејќи тој не ја заслужил неговата почит.

Јунајтед стигна до 2:0 победа, а Фернандеш асистираше на првиот гол на Антони Марсијал, а по една расправија покрај аут-линијата со Гвардиола, тој му покажа да молчи, нешто што ги воодушеви фановите на „ѓаволите“.

„Зборував со некои пријатели и дел од нив ми велат: ’Пеп освои сè, кој е Бруно да му прави така?’. Но, јас мислам дека се работи за почит. Сега, нема да го направам тоа надвор од теренот, но во моментот зборовите кои тој ми ги кажа ме налутија, и кога играм сум помалку нервозен. Имам почит кон него и за тоа што направил за фудбалот, но во тој момент не покажа почит кон мене, така што не ја заслужи ниту мојата почит. Не е многу важно. Тоа што е на теренот е во минатото“, вели Фернандеш за „Скај спортс“.

Фернандеш стана миленик на „ѓаволите“ откако го „замолче“ Пеп! (видео)

Scroll to Top