Top Sport

Фернандеш отворено за тоа како Тен Хаг ги „суреди“ Роналдо, Рашфорд и Санчо

Бруно Фернандеш го испофали менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, како ги „суредил“ неговите соиграчи со поставување на строга дисциплина минатото лето.

Тен Хаг го презеде Јунајтед во јули по катастрофална сезона на „ѓаволите“ во кои беа шести во Премиерлигата, дури 13 поени зад топ 4 пласман. Португалецот признава дека неговите соиграчи прво не биле сигурни колку ќе биде строг поранешниот прв човек на Ајакс, но дека наскоро станало јасно дека тој побарува ниво на однесување на теренот и надвор од него.

„Кога прво пристигна и отидовме на летната турнеја, на тренинзите јасно порача: ‘Или ќе го правиш тоа, или си надвор од игра, нема да бидеш во тимот’. Сите се двоумевме дали навистина ќе го нарпави тоа. Ако голем играч не го направи тоа што тој го сака, дали ќе го растури или не? И тој го направи тоа многу пати – со Кристијано, со Џејдон, со Маркус“, открива Фернандеш во разговор со Рио Фердинанд.

Тен Хаг прво влезе во конфликт со Кристијано Роналдо, оставајќи го честопати на клупата и целосно исклучувајќи го од тимот кога тој не сакаше да влезе во финишот на мечот со Тотенхем, и потоа даде зелено светло клубот да му го рааскине договорот. Тој исто така го држеше Џејдон Санчо надвор од првиот тим поради проблемите со физичката подготвеност и менталното здравје, но на поинаков начин – го прати на тренинзи во Холандија, по што тој се врати во тимот.

Фернандеш бил најимпресиониран од односот со Маркус Рашфорд, кој иако беше во одлична форма беше на клупата на мечот со Вулверхемптон на Нова Година откако призна дека се успал за тимскиот состанок.

„Маркус беше во најдобра можна форма, но направи нешто погрешно и менаџерот го исклучи од тимот. Во првиот момент си помисливме: ‘Тој е нашиот главен човек, потрбе ни е’, но потоа седев со Давид де Хеа и се согласивме дека мора да биде така, бидејќи помладите фудбалери ќе си помислат дека ако не го казни Маркус, нема да казни никого. Тој бараше од Раши да биде постојан во сите работи, не само во мечевите, туку во целите во животот и во однесувањето. Маркус сметаше дека не неправил ништо погрешно, но потоа прифати дека не е во право, даде гол и победивме. На крајот, тој и тренерот се смееја. Мора да има ред во куќата, бидејќи ќе те прегазат и потоа тие ќе бидат газди во куќата“, оценува Фернандеш.

Scroll to Top