Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш смета дека заедно со Пол Погба можат да направат големи работи на „Олд Трафорд“ и покрај сомнежите околу иднината на Французинот.
Португалецот имаше малку шанси да игра покрај Погба откако пристигна во клубот во јануари бидејќи Французинот се мачеше со повреди, но откако ги одиграа заедно сите мечеви во Премиер лигата оваа сезона, Бруно смета дека не е точно дека двајцата не можат добро да се вклопат во тимот.
„Секогаш е задоволство да се биде во тимот со него бидејќи можам толку многу да научам од него, а верувам дека и тој може да научи од мене. Заедно можеме да направиме големи работи. Имаме одличен однос, двајцата зборуваме италијански и добро се разбираме.Тој е смешен човек, секогаш подготвен за шега. Не е вистина дека не е задоволен во тимот, сака да игра, сака да постигнува голови и да биде добар за нас. Сите мислат дека тој е лут на клупата, но видовме во Париз дека не е така“, вели Фернандеш.