Top Sport

Мојс: Зошто му се дозволува на Салах да го повторува ова?

Менаџерот на Вест хем, Дејвид Мојс признава дека е зачуден што Мохамед Салах повторно успеа да „извлече“ пенал при 2:1 поразот од Ливерпул во саботата, посочувајќи дека сомнителните ситуации стануваат секојдневие за Египќанецот.

Форналс ги донесе Вест хем во водство по само 10 минути игра, но „црвените“ се вратија откако Артур Масуаку го фаулираше Салах пред полувремето. Снимките покажуваат дека дефанзивецот немаше контакт со топката и го сопна Салах, кој падна театрално во обид да добие пенал, кој потоа сигурно го реализираше.

„Навистина бев зачуден што им дадоа пенал во првото полувреме. Не знам како дозволуваме такви пенали постојано да се досудуваат. Навистина не сакам фудбал со такви пенали. Можеби и нашите фудбалери треба да паѓаат така“, вели Мојс.

Со него се согласува и легендата на Ливерпул, Греем Сунес, кој вели дека Салах постојано го прави истото.

„Да бев судија сигурно немаше да досудувам вакви пенали, посебно бидејќи Салах тоа го прави постојано. Тоа беше неприроден начин да паднете. Гледајте, тој воопшто не го удира! Мислам дека вака само ќе го охрабрат Салах да се фрла на тревата. За мене како навивач на Ливерпул ова е неприфатливо“, вели Сунес.

Ова дефинитивно не е првпат египетскиот голгетер да е обвинет дека е „добар актер“, како што можете да забележите на линковите подолу.

Дали на Салах му станува навика „глумењето“? (видео)

Ворнок: Глумењето на Салах беше за оценка 9.9! (видео)

Scroll to Top