Top Sport

„Модриќ и Крос не постоеја во првото полувреме“

Реал Мадрид една недела беа лидери на табелата во Ла Лига, лената позиција на табелата им ја препуштија на колегите од Барселона по синоќешниот пораз од Бетис во Севилја (2:1). Иако до крајот на сезоната има уште 11 натпревари на сите во клубот им е јасно дека овој пораз може да има големо влијание во борбата за титулата.

Зинедин Зидан по натпреварот ја презеде одговорноста за поразот. Францускиот тренер направи грешки во изборот на играчите што го започнаа натпреварот. Тоа го потенцира и новинарот на „Марка“ Карлос Карпио. Според него најслаби алки во тимот биле Лука Модриќ и Тони Крос.

„Забележливо беше дека недостасува Феде Валверде во почетниот состав. Редот за врска делуваше бавно, а Крос и Модриќ не постоеја во првото полувреме. Двајцата добија место во стартната постава бидејќи пропуштија по еден важен меч во изминатиот период. Крос не играше против Манчестер сити, а Мордиќ против Барселона. Сега му беше редот на Валверде да седне на клупата за резерви и тоа беше погрешна одлука“, напишал меѓу другото Карпио.

Scroll to Top