Поранешниот португалски селектор Фернандо Сантош е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Полска.
„Од денес сум Полјак. Јас сум еден од вас, чест ми е да ја продолжам мојата тренерска работа овде“, изјави Сантош.
Претседателот на Полската фудбалска асоцијација, Цезари Кулежа, направи голем лапсус, го погреши името на новиот селектор.
„Изборот беше тежок, но го избравме најдоброто. Наша прва цел е да се пласираме на ЕП. Не сакавме селектор кој ќе учи од нашата репрезентација, пресудно беше искуството, харизмата и работата. Но, пред се, го доведовме човекот што зад себе има резултати. Ова е Фелипе Сантос“, изјави Кулежа.
Така, Кулежа го прекрсти Фернандо како Фелипе. Фернандо Сантош беше на чело на Португалија од 2014 година до неговата оставка минатиот месец по шокантниот пораз од Мароко во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.