Top Sport

Фернандо Торес кариерата ќе ја продолжи во Мексико?

Екс-фудбалерот на мадридски Атлетико, Фернандо Торес (35) би можел ова лето кариерата да ја продолжи во мексиканскиот клуб Атлетико де Сан Луис, пишува шпански „АС“.

Легендарниот напаѓач на крајот на минатата сезона по вторпат во кариерата ги напушти „јорганџиите“ и потпиша за јапонскиот клуб Саган Тосу.

Информациите велат дека Атлетико Мадрид има 50% сопственост во мексиканскиот клуб каде во моментов настапуваат петмина шпански фудбалери.

Торес во „двата мандати“ во Атлетико одигра 347 меча и постигна 120 гола, а во меѓувреме настапуваше и за Ливерпул, Челси и Милан.

Со репрезентацијата на Шпанија двапати беше првак на Европа во 2008 и 2012 година, а во 2010 година стана Светски шампион.

Scroll to Top