Top Sport

Чави оди во „пензија“, ќе заплови во тренерските води

Легендата на Барселона и на шпанската фудбалска репрезентација, Чави Хернандес (39) денеска објави дека ова ќе му биде последната сезона во кариерата. Тој рече дека веднаш ќе заплови во тренерски води иако се уште не знае во кој клуб.

„Мојата тренерска филозофија ќе биде одраз на стилот на Јохан Кројф и на Ла Масија кои со години се развиваа и беа претставени преку тимот на Барселона. Обожувам да гледам тимови кои преземаат иницијатива на теренот, обожувам напаѓачки фудбал. Сакам да се врати суштината на она што го сакавме уште од детските денови – фудбал преку поседот на топката“ вели Чави кој оваа сезона освои титула првак на Катар.

Катар ќе има чест да го испрати во фудбалска пензија еден од најинтелигентните играчи на сите времиња.

Чави осумпати беше првак на Шпанија со Барселона, четирипати ја освојуваше Лигата на шампиони, беше светски првак со Шпанија во 2010, а со „фуријата“ ја освојуваше двапати и европската круна, во 2008 и 2012 година.

Чаби, меѓудругото, ќе остане запаметен во фудбалскиот свет и како партнер во средината на теренот заедно со феноменалниот Андрес Иниеста.

Scroll to Top