Top Sport

Унгарски медиуми: Парондо ќе биде новиот селектор на Унгарија!

Тренерот на македонскиот ракометен првак, Вардар, Шпанецот Роберто Гарсија Парондо од овој јуни ќе биде нов селектор на ракометната репрезентација на Унгарија, јавуваат медиумите во Унгарија.

Парондо со ракометарите на Вардар утре заминува токму во Унгарија, во Сегедин на реванш мечот од четвртфиналето во ракометната Лига на шампиони против тимот на ПИК Сегед. За потсетување Вардар ќе брани +8 во Унгарија за трет Ф4 во низа откако во Скопје минатиот викенд „црвено-црните“ славеа победа со резултат 31-23.

Унгарските медиуми информираат дека слично како и РФМ, и тамошниот ракометен сојуз сака да одбере селектор посветен единствено на националниот тим. Актуелниот селекторски тандем на Унгарија, Владан Матиќ и Иштван Чокнаи има и клупски обврски.

Дали навистина Парондо кариерата ќе ја продолжи на клупата на Унгарците или се работи само за шпекулација, останува да се види во блиска иднина.
Ова се дел од пишувањата на тамошните медиуми:

Érdekes ötlet: Roberto García Parrondo a magyar válogatott kispadján?

Scroll to Top