Бордот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) им дозволи на тимовите во текот на еден натпревар да можат да извршат пет измени. Одлуката веднаш стапи во сила и се однесува на натпреварувањата кои започнале или наскоро ќе започнат, а кои треба да завршат според распоредот до 31 декември оваа година.
ФИФА појасни дека единствена цел на воведувањето на ова правило е здравјето на фудбалерите.
За да не биде нарушена динамиката на натпреварите ФИФА појасни на кој начин ќе се вршат измените. Од три пати, во едно полувреме, тимовите ќе мора да ги извршат измените.
Усвоениот амандман е привремен, а од ФИФА изјавиле дека доколку постои потреба тој ќе биде продолжен и за 2021 година, но околу тоа прашање дополнително ќе се одлучува.