Диего Марадона можеби е легенда на фудбалот, но дури и тој мора да покажува почит кон другите фанови на стадионите на Мундијалот, вели Светската фудбалска федерација (ФИФА)
Ова доаѓа откако 57-годишниот Аргентинец имаше контроверзно „шоу“ на трибините при мечот Аргентина-Нигерија, за на крајот да покаже среден прст кон навивачите на Нигерија. Извршниот директор на ФИФА, Колин Смит вели дека Марадона е значаен дел од програмата „Легенди“ за промоција на спортот.
„Фудбалерите кои помогнаа да се напише историјата на фудбалот имаат своја улога во спортот. Диего Марадона, секако, е еден од најголемите фудбалери на светот и е дел од тоа. Очекуваме сите фудбалери, поранешни фудбалери, фанови и тренери да се однесуваат со почит кон другите“, вели Смит.
What? Maradona give middle finger then… pic.twitter.com/IqWsJsK7oD
— Syed Muhammad Khairi (@smkhairi87) June 26, 2018
Во текот на контроверзниот меч со Нигерија, Марадона прво извади огромно знаме со неговиот лик, потоа заспа во дел од натпреварот, а кога Маркос Рохо постигна фантастичен гол во 86. минута, покажа среден прст кон сите. По ова, на Марадона му се слоши и постоеја шпекулации дека заглавил во болница.
„Од раката на Господ, до прстите на срамот“, пишуваше во еден аргентински весник. Марадона во минатото еднаш пукаше со воздушна пушка кон новинари, а отворено зборуваше за зависноста од алкохол и кокаин.