Top Sport

ФИФА го бира најдобриот во сезоната 2018/2019

„The Best FIFA“ е името на наградата која светската фудбалска федерација ја покрена пред три години. Оваа награда е наследничка на „ФИФА – Играч на годината“, односно воведена е како награда која треба да и конкурира на „златната топка“ на Франс фудбал.

Пред две години, кога беше доделена прв пат, лауреат беше Кристијано Роналдо, а минатата година ја понесе Лука Модриќ.

ФИФА, во понеделникот, објави дека во конкуренција за наградата оваа година се Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Вирџил ван Дајк.

Овие тројца беа во конкуренција и кај УЕФА, за најдобар играч во Лигата на шампионите минатата сезона. Во четвртокот лауреат беше Ван Дајк пред Меси и Роналдо, а според прогнозите истиот распоред ќе биде и при доделувањето на оваа награда.

За победникот решаваат гласовите на новинарите, селекторите и капитените на националните тимови и навивачите.

ФИФА наградите ќе ги додели на свечена церемонија што ќе се одржи на 23 септември во Милано.

Scroll to Top