Top Sport

Скола со 39 години влезе во историјата на светските првенства

Луис Скола денес го запиша своето име во историјата на светските првенства. Легендарниот Аргентинец ја предводеше својата репрезентација со 23 поени и осум скока до победата над Нигерија 94:81.

Скола има 39 години и импресивна кариера. Две децении го носи дресот на Аргентина, а со националниот тим има злато и бронза (2004 и 2008) од Олимписките игри и сребро од Светското првенство во 2002 година.

Скола со денешните 23 поени стигна до бројката од 611 поени на светските првенства. Тој е втор на оваа листа зад Бразилецот Оскар Шмит чии 863 поени веројатно никогаш нема да бидат надминати.

Аргентинецот по денешниот меч се искачи на првото место во една друга категорија, скоковите. Скола дојде до бројката од 225 скока и во моментот е прв на оваа листа.

Scroll to Top