Top Sport

ФИФА го истражува натпреварот на кој Халанд постигна девет гола

Ерлинг Халанд, син на легендата на норвешкиот фудбал Алф-Инге Халанд е тема во светските медиуми откако постигна девет гола во победата на Норвешка над Хондурас 12-0 на Светското првенство за играчи до 20 години.

Овој натпревар го привлече внимание на медиумите не само покрај рекордот на Халанд и конечниот резултат туку и поради најавата на ФИФА дека ќе го истражи дали натпреварот бил наместен.

„Потпишавме договор со ФИФА за транспарентност. Нормално е дека сега тие ќе реагираат. Ние во Фудбалскиот сојуз на Хондурас нема ништо да направиме. ФИФА се тие што ќе ја продолжат истрагата“, рекол претседателот на Фудбалскиот сојуз на Хондурас, Жорге Саломон.

Стручниот коментатор на норвешката телевизија ТВ2, Јаспер Матисен, не бил изненаден од одлуката на ФИФА да истражи дали натпреварот бил наместен.

„Мислам дека е многу сомнителен начинот на кој што играше Хондурас. Веднаш забележав дека нешто не е како што треба. На норвешките играчи не смееме да им го одземеме трудот и честа, како и квалитетот што го поседуваат, но за мене беше тажно однесувањето на фудбалерите на Хондурас“, рекол Матисен.

Scroll to Top