Top Sport

ФИФА го „одврза кесето“, ФФМ ќе добие 500.000 долари

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека нејзините 211 членки ќе добијат 150 милиони долари како прв чекор од планот за финансиска помош поради кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот.

Според ФИФА, со иницијативата, секоја членка, вклучувајќи ја и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе добие по 500.000 долари покрај другите исплати кои им се гарантирани за 2019 и 2020 година. Овие дополнителни исплати обично се исплаќаат под одредени услови, но сега ќе бидат исплатени да се покријат трошоците на КОВИД-19.

„Пандемијата донесе непредвидени предизвици за целата фудбалска заедница, и ФИФА има обврска да ги поддржува тие на кои помошта им е потребна. Со ова се почнува итната финансиска помош за нашите членки и ова е само прв чекор од планот за помош кој го имаме“, вели претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Scroll to Top