Top Sport

Златан даде гол за Хамарби, но призна: Имам договор со Милан (видео)

Златан Ибрахимовиќ постигна гол во пријателскиот меч на комбинираните фудбалери на Хамарби, Бајанс и ИК Фреј, по што уште еднаш даде енигматичен одговор околу неговата иднина како фудбалер на Милан.

Ибрахимовиќ се врати во Шведска по одложувањето на мечевите од Серија А, и продолжи со тренинзите со Хамарби, клубот каде што е делумен сопственик, по што денеска учествуваше во пријателскиот меч кој беше организиран за фудбалерите да останат во форма и имаше директен ТВ-пренос во татковината.

Ибрахимовиќ има договор со Милан до јуни и неговата иднина е неивесна откако шпекулациите велеа дека тој е разочаран од заминувањето на Звонимир Бобан од клубот.

„Имам договор со Милан и ќе видиме како ќе заврши сезоната, ако воопшто заврши. Сакам да играм фудбал што е можно подолго, но никогаш не знаеш што ќе се случи. Јас сум човек кој сакам да придонесам на клубот, а не да играм само поради тоа дека се работи за моето име. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Ибрахимовиќ.

Scroll to Top