Top Sport

ФИФА го претстави логото за СП 2026 и доби огромни критики за креативноста

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на церемонија во Лос Анџелес го претстави логото за Светското првенство во 2026 година.

На настанот присуствуваа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и поранешниот бразилски фудбалер Роналдо, кој со репрезентацијата на Јужна Америка освои две светски шампионски титули.

Светското првенство, 23. по ред, ќе се одржи во 16 градови низ Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, а на натпреварувањето за првпат ќе учествуваат 48 репрезентации.

Сепак, во коментарите на оваа објава на ФИФА на социјалните мрежи може да се забележат многу негативни коментари од љубителите на фудбалот кои се разочарани од ова лого, некои го нарекуваат „најлошото во историјата“ и се прашуваат „дали е можно некој да биде платен десетици илјадници евра за ова“…

Scroll to Top