Top Sport

ФИФА ја казни Црна Гора

Дисциплинската комисија на ФИФА го казни Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, поради неспортското навивање на натпреварот со Летонија.

Две трибини, јужната и северната, на стадионот во Подгорица ќе бидат затворени, за натпреварот со Холандија на 13.ноември. Покрај тоа Црногорците ќе платата и казна од 20.000 швајцарски франци.

Фудбалскиот сојуз на Црна Гора е казнет поради „дискриминаторското однесување“ на навивачите, на 7.септември, против Летонија (0:0).

Scroll to Top