Top Sport

ФИФА листа: Бразил пред Аргентина, Македонија остана на 65.место

Македонската фудбалска репрезентација остана на 65.место, на ранг-листата на ФИФА. На листата објавена по Мундијалот во Катар, на првото место и понатаму е Бразил. Голем скок направи четвртопласираната селекција на СП, Мароко.

Аргентинците го освоија Мундијалот, но не успеаја да го престигнат Бразил на првото место. Бразилците, кои СП го завршија во четвртфиналето, имаат нешто помалку од три поени повеќе од Аргентина. На третото место е Франција.

Во првите десет се и Белгија, Англија, Холандија, Хрватска, Италија, Португалија и Шпанија.

Мароко „скокна“ 11 места на листата е се наоѓа веднаш зад Шпанија.

 

Scroll to Top