Top Sport

„Најголемо го**о во фудбалот, сите го мразат“

Поранешниот француски репрезентативец Адил Рами отворено го критикуваше голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез.

Мартинез, беше прогласен за најдобра голман на првенството кое заврши со триумф на Аргентина. Во текот на целиот турнир, Мартинез, со своето простачко однесување го привлекуваше вниманието на јавноста.

Ги пцуеше Холанѓаните и нивниот селектор Луј ван Гал, наградата за најдобар голман ја стави на половиот орган, на прославата на титулата донесе кукла со ликот на Килијан Мбапе…

„Најголемото го**о во светот на фудбалот! Човек што најмногу го мразат, кучкин син“, напиша Рами на Инстаграм и додаде:

„Имаа толку многу трауми од Мбапе што повеќе ја прославија победата против нашата репрезентација отколку титулата на Светското првенство.

Исто така, Рами смета дека мароканскиот голман, Боно, ја заслужил наградата за најдобар голман на Мундијалот во Катар.

Scroll to Top